Секс, разврат, неверства: Работници на брод откриваат што се случува море

Додека има такви кои им завидуваат на оние кои можат да си дозволат крстарење на луксузни бродови, јавноста секогаш е шокирана кога протекуваат извештаи или снимки од диви забави или оргии од овие патувања. И додека тие сведочат за арогантното однесување на гостите, зад палубите и рестораните се одвива скандалозен живот на работниците на бродот.

Иако на прв поглед делува дека животот на брод се одвива убаво, а таму луѓето уживаат во убавото време и посетуваат прекрасни локации, сведочењата на поранешните работници на бродот кажуваат нешто друго.

“Барот за персоналот е единственото место кое можете да го посетите навечер, а со оглед дека пијалакот чини помалку од два долари, тоа и не е така лош избор. Вечерите ги поминував додворувајќи им се на келнерките или танчерките”, вели поранешен работник на брод.

“Тоа е мал микрокосмос, сите имаат секс, а кога луѓето ќе влезат во врска, тоа го нарекуваат “работа на бродот” и никој не очекува таа врска да продолжи откако ќе ви заврши договорот за работа на бродот”, додаде друг работник.

Додека станува сосема нормално членовите на персоналот да спијат едни со други, линијата се повлекува кога станува збор за спиење со гостите, пренесува “Daily Mail”.

“Спиењето со гостите е строго забрането. Три години работев на брод и за тоа време тројца мои пријатели беа отпуштени поради тоа”.

Кетрин Чепмен од Бризбејн со години работела на брод, а после долги години со бурни ноќи, лаги и скршено срце, одлучи да напише роман инспирирана од лудото време минато на море.

“Кога имав 22 години, почнав врска со член на персоналот, за кој сметав дека е прекрасен и секогаш се смеевме. Еден ден во неговата кабина погледнав фотографија од жена со две деца и сфатив дека е оженет и дека неговото семејство пристигнува на брод следната недела”, напишала Чепмен.

На бродот се случувале голем број на неверства и работниците ги изневерувале своите партнери. Имало случаеви кога вработените живееле во кабината со девојките, а кога нивните сопруги ќе пристигнеле на брод ги отселувале и живееле со сопругите две недели како ништо да не се случило. После заминувањето на сопругите, тие продолжуваат со аферите.

Чепмен истакнува дека мажите ги оправдувале нивните постапки наведувајќи дека нивните сопруги го прават истото дома. Таа додала дека луѓето биле малку луди, бидејќи по 10 месеци и повеќе биле затворени на брод со истите луѓе, но не ги оправдува нивните постапки.

Leave a comment

error: Content is protected !!