Секс не ме интересира, крвта повеќе не ми врие! Во Бог не верувам, тоа е глупаво: Славниот тенисер, политичар и плејбој шокирал во своето интервју

Двојниот освојувач на Грен слен турнири, “Australian Open” и “US Open”, Марат Сафин, дал неверојатно интервју во кое се обидел да објасни каква личност станал.

“Во Бог не верувам. Немам девојка, сопруга, не сум веќе дете. Уживам во патувањата. Се сомневам дека Мачу Пикчу го изградиле луѓе”, порачува поранешниот тениски ас Марат Сафин за рускиот портал “Sport.ru” и продолжува:

“Моментално не работам ништо. Се будам меѓу 8 и 10 часот, шетам, патувам. Тенис не ме интересира. Ваму и таму ќе изиграм некој турнир за ветерани, но која е поентата во тоа? Дали некој што ја завршува кариерата оди во пензија и повторно почнува да се занимава со истата работа. Не! Тоа е глупаво. Таков некој турнир повеќе ми служи за да ослабнам кога ќе почувствувам дека сум додал килограм или два”.

Со што се занимавате?

– Патувам. Оваа година бев во шест или седум различни земји. Но, ништо не ме воодушеви како Перу. Го посетив Мачи Пикчу. Импресивно. Само замислете колку било тоа тешко да е изгради. Во теорија, го изградиле луѓе. Но, се сомневам во тоа.

Веројатно не мислите дека се вистинити теориите дека го изградиле вонземјани?

– Нема да кажам така, но зарем не е чудно што изгледот на тие градби е сличен со пирамидите во Египет? И да, верувам дека не сме сами во вселената.

Делувате како среќен човек?

– Да. Затоа што среќата е во можноста да имате слобода на избор. Го правам само тоа што го сакам. Не зависам од никој. Не сум роб на материјалниот свет и тоа што се случува во овој свет.

Сметате дека постои некој друг свет?

– Секако. Тоа научно го докажа Стивен Хокинг. Ви велам, не сме сами во универзумот. А таму нема луѓе во бунди, опседнати со долари или биктоини.

Не сте верник?

– Религијата не постои. Сите знаат дека тоа е измислица за луѓето да бидат контролирани. Дали мислите дека таму некаде седат Бог и Ѓавол и одлучуваат кој оди каде? Тоа е глупаво.

Делувате многу помирно од времето кога игравте и кршевте рекети?

– Тоа е друго. Тогаш играв на плус 40, па смислував тактики. Бев млад. Тогаш не беше потребно да се биде паметен. Мозокот не го ни вклучуваш.

Повеќе не сте некој што го гледаат со убавици?

– Немам девојка. Немам жена. И не ме интересира врска. Ни најмалку.

Значи, нема ни секс?

– Не сум дете. Крвта повеќе не ми врие.

А во какви односи сте со ќерката?

– Јас немам ќерка.

Како мислите? Сите мислат дека Ева Јакубовскаја, ќерката на вашата поранешна девојка Валерија, е ваше дете?

– Сите мислат, сите мислат…Што значи тоа? Јас немам ќерка и никогаш не сум имал…Таа девојка никогаш нема да каже дека јас сум и татко – ги отфрлил Сафин трачевите.

Leave a comment

error: Content is protected !!