Секс насред пустина: Фестивалот кој е познат по оргиите е пред укинување бидејќи посетителите ги преминуваат сите граници

Во Невада секоја година се одржува фестивалот “Burning Man”, кој го посетуваат илјадници луѓе ширум светот. Огнот кој се шири околу кампот е симбол на повторно раѓање, а големата конструкција традиционално се пали на последната вечер од фестивалот.

Пред неколку години 41 годишен маж почина откако влетал во огнот. Се одржува на околу 160 километри од Рино, во Невада.

Фестивалот започна уште во Сан Франциско во 1986 година, а се пресели во Невада од 1990 година.

Многумина го опишуваат како еден експеримент во заедницата, уметност и како чин на еден уметник во неговото самоизразување и самодоверба.

Во текот на деновите кога се одржуваше фестивалот, можат да се забележат разновидни модни комбинации.

Облекувањето е и повеќе од слободно, а дамите ја користат секоја можност да ги покажат своите извајани фигури.

Меѓутоа, овој фестивал е исто така познат и по сексот и оргиите. Постои можност овој фестивал да се укине, бидејќи секоја година се зголемува бројот на пријави на сексуално вознемирување.

Организаторите се свесни за тоа дека овој фестивал е слободен во секоја смисла на зборот, но недоволно слободен за сексуално вознемирување.

Leave a comment

error: Content is protected !!