Седумнаесет часа глумев дека се самозадоволувам пред мажи!

Убавата актерка Марго Роби открила дека една сцена од филмот “Wolf of Wall Street” ѝ била особено непријатна.

Станува збор за сцената каде таа го заведува својот филмски сопруг, Леонардо ди Каприо, во детската соба, а потоа тие завршуваат во кревет. Но, интимната сцена не била толку интимна колку што им се чинело на гледачите.

“Не ти паѓа напамет тоа кога го гледаш филмот, но во таа малечка соба беа напикани триесет луѓе. Сите беа мажи. 17 часа морав да се преправам дека се допирам, беше многу чудно. Морав да ја проголтам непријатноста и апсурдот за потполно да ѝ се посветам на сцената”, раскажала актерката за списанието “Porter”.

Роби во истото интервју признала дека пред движењето “MeToo” не знаела што се’ спаѓа во сексуално злоставување.

“Јас сум во доцните дваесетти, образована сум, имам пропатувано низ светот, имам сопствена работа и пак не знаев. Тоа е лудо. Не сум знаела дека можеш да кажеш дека некој сексуално те злоставувал, а тој физички да не те ни допрел. Немав поим. Сега знам”, заклучила Марго.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!