Сечат глави, дилаат и подмитуваат: Ова се најопасните светски мафии, а меѓу нив се и една балканска

Мексиканскиот нарко картел претставува најмоќна и најопасна мафијашка организација на светот, тврдат криминолозите.

Полициските експерти предупредуваат на бруталното однесување на мексиканските мафијаши – сечат глави, мачат, вршат атентати, киднапираат.

Најмоќната група со седиште во Нуева Лареда се дели на клановите Браво и Зетас, кои цело време војуваат против конкурентниот “Картел дел Норесте”.

На втора место е италијанската мафија со најбруталните претставници – Коза Ностра, Сакра Корона Унита, потоа Ндрангета, односно Калбрези и наполитанската Гомора.

Тие, покрај наркотици, се занимаваат со рекетирање, лихварство, подмитување, шверц, коцка и илегално обложување. Италијанските мафијаши остваруваат профит од десетина милијарди долари годишно, но повеќе не се моќни како во минатиот век.

На третото место е руската мафија. “Солнечвскаја братства” претставува мрежа од десет одвоени бригади кои делуваат независно, но имаат заеднички финансии.

Големото надзорно тело сочинува 12 лидери кои ја водат целата организација.

Тоа што се инфилтрирани во тајните служби им дава специфичен контекст, а главен бизнис име соработката со произведувачите на мак во Авганистан, меѓу кои е, како што некои тврдат, и американската војска.

Медиумите најмногу ги споменуваат поради “трафикингот”, сексуалното ропство, педофилијата, како и во сите деликти кои се табу.

Следат американските гангстери и улични банди. Посебно се опасни – “Крипс” – афроамериканска улична банда основана во Лос Анџелес. Познати се по трговијата со дрога, убиствата и грабежите.

Во САД се многу моќни и латино бандите, кои имаат блиски врски со мексиканските нарко картели. Најмногу членови доаѓаат од Салвадор, а познати се по суровоста. Тие убиваат жени и деца на полициски и правни службеници.

Силни се и расистичките банди – Ариевците. Тоа е братство кое делува и на слобода и во затвор.

Меѓу петте најсилни мафии, според проценките на полициските експерти ширум светот, се вбројува и албанската мафија. Крвната одмазда, култот на семејството и специфичниот сет на симболи и правила го одвојуваат албанскиот систем од класичната хиерархија.

Пазарот го водат кланови од кои секој има свој обрт. Производство, преработка, транспорт и чување на дрога се криминалните дејства кои ги делат меѓусебно.

Британските медиуми коментираат дека меѓу најмоќните банди нема Колумбијци и Јапонци, кои традиционални имаат моќни кримогени организации.

Leave a comment

error: Content is protected !!