Се вереше ќерката на Фиат Цаноски- нејзината вереничка креација ги воодушеви сите

Овој викенд во Струга се вереше помалата ќерка на Фиат Цаноски, Егзона Цаноска, која инаку работи на универзитетот „Фон“.

Нејзиниот избраник е Мехмед Џан од Скопје, со кого беше во врска една година. На веридбата присуствуваа нејзините најблиски другарки, како и потесниот круг од семејството, а креацијата која ја носеше Егзона ги воодушеви сите.

Таа за својата веридба одбра комбинација од невестински фустан и панталони, навистина храбро модно парче, кое ретко која девојка кај нас би се осмелила да го облече. Со вереничката комбинација ги воодушеви сите присутни на веридбата, а со оглед на нејзиниот добар вкус за облекување, сигурно и на свадбата ќе носи венчаница во која ќе заблеска.

Инаку, пред една недела свадба правеше нејзинот брат Сефер Цаноски, кој по вторпат стапна на лудиот камен. Неговата втора сопруга е Сезен Баш со која се запознале во Истанбул, а Сефер вели дека тоа било љубов на прв поглед.

Leave a comment

error: Content is protected !!