Се урнал патнички авион со 189 луѓе во Индонезија, нема преживеани

Патнички авион на индонезиската компанија “Lion Air” кој полетал од Џакарта, се урнал во море со 189 патници и членови на екипажот, соопштил службеник од министерството за сообраќај на Индонезија.

Индонезиската авиокомпанија соопштила дека сосема новиот авион, кој во околу 6:20 часот по локално време полетал кон Пангкал Пинанг на островот кај Суматра, пренесувал 181 патник, меѓу кои едно дете и две бебиња, како и осум членови на екипажот.

Во авионот се наоѓале и најмалку 23 владини службеници кои, како што рекол портпаролот на контролата за лет, барале авионот да се врати и пред да биде изгубен контакт со леталото.

Тоа е прв пад за моделот “737 MAX 8” на “Boeing”.

“Потврдено е дека се урнал”, рекол Јусуф Латиф, портпарол на индонезиската агенција за спасување.

Авионот бил на пат од главниот град на Индонезија – Џакарта, до градот Пангкал Пинанг на Суматра, на лет кој трае нешто подолго од еден час.

Латиф рекол дека авионот изгубил контакт со контролата за лет околу 13 минути по полетувањето и се урнал во морето.

Авионот побарал итно слетување речиси веднаш откако полетал, а властите изгубиле контакт после тоа

Според првите информации, авионот паднал во море непосредно покрај брегот на Индонезија.

Авионот бил неодамна изграден, и имал околу 800 часа летање, изјавил шефот на индонезискиот национален одбор за безбедност на сообраќај, Соерјантоп Тјахјоно.

“Lion Air” потврдил дека авионот бил исправен и дека во него имало искусен екипаж.

Властите соопштиле дека нема да шпекулираат со причините за трагедијата додека црната кутија не се пронајде и не добијат снимка од контролната служба за контролата на летот.

Пронајдени биле остатоци од авионот, вклучувајќи седишта, кои пловеле во близина на објекти кои припаѓаат на индонезиска нафтена компанија, изјавил службеник на компанијата.

Започнала операција за потрага и спасување, а нуркачите биле пратени да пребараат можни преживеани во потопениот авион.

Објавено било и видео кое покажува бројни пловила кои се доближуваат до местото на несреќата. Ниеден преживеан не бил виден на снимките.

Ова е најлоша авионска несреќа во Индонезија по 2014. година, кога загинале 162 патници кога се урнал авион на “Air Asia”.

“Lion Air” е една од најмладите и најголеми авио-компании во Индонезија.

Leave a comment

error: Content is protected !!