Се согласувате ли со изборот?: Идрис Елба прогласен за најсексапилен маж за 2018. година

Списанието “People” го прогласи актерот Идрис Елба за најсексапилен маж за 2018 година. Пред него, оваа ласкава титула ја понесоа Блејк Шелтон, Двејн Џонсон, Дејвид Бекам и многу други.

Овој 46-годишен Британец ги доби симпатиите на публиката со улогата на Расел Стрингер Бел во култната ТВ серија на HBO, “The Wire”. Актерот бил изненаден од титулата која му припаднала.

“Кој би помислил! Ви благодарам “People” и на сите обожаватели кои ме прогласија за “Најсекси маж на годината”. Почестен сум и благодарен за тоа. Но, поважен е вашиот глас на претстојните избори. Вашиот глас прави разлика”, напиша Елба под објавата, обраќајќи им се на Американците.

Освен што се занимава со актерство, Идрис во слободно време настапува и како диџеј под името “DJ Big Driis” и дизајнира сопствена линија на облека.

Елба е татко на две деца, 16-годишната ќерка Исан и 4-годишниот син Винстон. Се уште не е оженет, но планира венчавка со манекенката Сабрина Доур.

Leave a comment

error: Content is protected !!