Се собираат докази за воспитувачката од Гевгелија, ќе одговара ли кривично?

Вчера во јавноста одекна скандалот за воспитувачката која навредува дете во градинка.

Министерството за труд и социјална работа веднаш испрати инспектори во градинката Детска радост во Гевгелија, а соопштија и дека директорката и вработените дале изјави. Доколку се соберат докази, за овој случај ќе се одговара и кривично.

„Директорката е задолжена со следното: веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата“, соопштија од Министерството.

Leave a comment

error: Content is protected !!