Се сеќавате ли на Ристе од Припор?

Ристе од Припор остана скопска урбана легенда. Никогаш не дознавме како изгледа овој мистериозен лик кој зад себе го остави „маестралното“ дело – „Сети се“

Во времето кога македонската музика беше во подем, освен квалитетот, често знаеа да се истакнат и многу интересни ликови кои оставија по некој свој музички белег. Ги паметиме и Васко Форти, Сотир Лалевски и Глоријан кои несебично споделија дел од својата музика и останаа запишани како изведувачи на веќе евергрин нумери на кои со смеење се потсетуваме. Сите нив ги видовме со стас и глас, имаа музички спотови, пробаа да направаат кариера.

Но, Ристе никогаш не сними видео спот, остана само неговото легендарно- Сети сееее, сетииии сееее…

За разлика од неговите горенаведени колеги, никогаш не даде ниту интервју за некоја телевизија или радио и не остави со години љубопитно да се прашуваме кое е момчето од Припор?

Каде е и што прави денес Ристе, никој не знае, но убаво е да се потсетиме на неговата химна за непрежалената љубов:

Leave a comment

error: Content is protected !!