Се сеќавате ли на легендарната еротска реклама за „Партнер“?

Во 90-тите години беше убаво да се живее. Имавме забавни програми на телевизија, многу дискотеки за излегување, евтини цени, а богами и одлична македонска музика.

На телевизија гледавме се, па дури и рекламите. Додуша, нив ги знаевме на памет. Но, една реклама секогаш ќе остане запаметена, особено по тоа што родителите секогаш им ги затвораа очите додека одеше едноминутното видео.

Во рекламата за цигарите „Партнер“ кои се од македонско производство, се појави тогаш мегапопуларниот хрватски актер и пејач Фрањо Ласиќ по кој воздивнуваа сите жени од поранешна Југославија. Рекламата е снимена во 1993 година, но и ден денеска сите се сеќаваат на благо еротските сцени, во кои Фрањо и една позната манекенка од тоа време страствено се бакнуваат. Погледнете како изгледаше „Секој има свој Партнер“:

Leave a comment

error: Content is protected !!