Се родил како син на столар, живеел во социјален стан, а денес е најбогат човек во Англија

65-годишниот Џим Редклиф некогаш живеел во социјален стан близу Манчестер, а денес е најбогатиот човек во Велика Британија.

Неговиот татко работел во фабрика која произведувала лабораториски мебел, а мајка му работела како книговодител. На почетокот од својот живот, денешниот милионер живеел многу скромен живот со своето семејство.

Според пописот кој бил објавен во “Sunday Times”, богатството основачот на хемиската компанија “Ineos” се проценува на 21,05 милијарди фунти односно околу 24 милијарди евра.

Минатата година, богатството на Редклиф вредело 15 милијарди фунти, односно околу 17 милијарди евра. За само една година, тој успеал да го зголеми богаството за плус две милијарди евра.

Најбогатиот Британец, покрај големото богатство, познат е и по тоа што учествува на експедиции на Северниот и Јужниот пол и трча на маратони.

На листата на најбогатите Британци на второто место се најдоа браќата Хиндуја, Сри и Гопи, кои “тежат” 20,64 милијарди фунти односно околу 23 милијарди евра, а на третото место е медиумскиот тајкун Лен Блаватник со 15,26 милијарди фунти или 17 милијарди евра.

Џејми Оливер и модниот тајкун Филип Грин паднале на листата.

Leave a comment

error: Content is protected !!