Се разбудила во локва крв: На мисицата и експлодирале силиконите, мислела дека нема да преживее

“Знам дека тоа не беше ниту паметно ниту здраво, но градите некогаш беа мојата работа”, вели 35-годишната Даниел Лојд.

На поранешната Мис Велика Британија, 35-годишната Даниел Лојд, и експлодирале имплантите кои ги ставила во градите. Како што пишува “Mirror”, поранешната манекенка завршила во болница, а за малку ќе го загубела животот.

“Тоа утро се разбудив во локва крв. Не знаев што се случува, по шокот сфатив дека ми експлодирале силиконите. Изгубив многу крв, завршив на трансфузија. Се исплашив, мислев дека ќе умрам”, рекла Даниел.

“Знам дека тоа не беше ниту паметно ниту здраво, но градите некогаш беа мојата работа, мојот извор на заработувачка. Бев во шок, мислев дека повеќе никогаш нема да имам гради”, признала поранешната мисица.

Додала дека денес и е жал што воопшто ставила силикони.

“Го направив тоа поради големиот притисок од јавноста. Секогаш сакав да бидам совршена, а големите гради беа дел од тоа. Признавам, сега ми е жал поради тоа, но не можам да го вратам времето”, додала поранешната мисица.

Сега градите и се помали за два броја.

“Денес големината на градите повеќе не ми е важна, ја научив својата лекција. Мојата цел е да бидам среќна, ,здрава и повеќе да се грижам за исхраната. Би им порачала на сите да не се грижат за големите гради”, рекла Даниел.

Leave a comment

error: Content is protected !!