Се продава Боинг на кралското семејство од Катар: Авионот поседува 10 бањи и пространа дневна соба

Катарското кралско семејство го продава својот луксузен Боинг 747-8, а почетната цена изнесува 5,6 милиони евра.

Авионот има 10 купатила, неколку гостински соби кои се простираат на два спрата и неверојатна спална соба со големина на апартман. Внатрешноста е дизајнирана во сина и златна боја, а поседува и медицински центар и огромна трпезарија.

Овој Боинг е оригинално направен за 467 лица, но кралското семејство сакало да добие што повеќе простор за себе. Сега во него може да собере 76 патници и 16 членови на екипажот, а досега прелетал 403 часа.

Веста за продажбата се појавила на веб-страницата “Controller” на која се продаваат користени авиони. Некои тврдат дека цената на овој авион би можела да достигне и сума од вртоглави 550 милиони евра.

Leave a comment

error: Content is protected !!