Се појавила снимка од исчезнатиот јапонски новинар: Киднапиран во Сирија од 2015. година не слушнале ништо за него

Кога на интернет била објавена снимка која наводно прикажува еден јапонски новинар, исчезнат во 2015. година во Сирија, јапонската влада соопштила дека ќе направи се што е во нејзина моќ да го спаси.

На новинарот Јумпеи Јасуда му се губи секаква трага во 2015. година во Сирија, а главниот портпарол на јапонскиот кабинет, Јошида Суга, денес рекол дека верува дека новата снимка ќе даде повеќе детали околу можното спасување на новинарот..

Во снимката, мажот со брада вели дека се наоѓа во лошо окружување и дека му е потребно итно спасување.

Иако мажот рекол дека се вика Умару и дека е од Кореја, тој зборувал на јапонски јазик.

Минатата година се појавиле неколку снимки за кои се верува дека го прикажуваат Јасуда.

Јасуда пред 15 години почнал да известува од Блискиот исток. Во 2004. година бил киднапиран во Ирак со уште тројца Јапонци, но набрзо бил ослободен.

Во своето последно патување во Сирија во 2015. година, бил земен како заложник заедно со колегата Кенџи Гото, кого ИСИС го погубила.

Контактот со Јасуда бил изгубен на 23. јуни 2015. година.

Leave a comment

error: Content is protected !!