Се појави пред помалку од една година, а веќе го покори пазарот!

Се појави пред само девет месеци, а веќе моделот “SUV C3 Aircross” на “Citroen” го освои пазарот на автомобили. Откако во октомври се појави во европските салони, C3 Aircross го купиле дури 90 илјади луѓе, од кои само 35 илјади во Франција.

“Citroen” со ова возило направил фантастична работа, а купувачите се воодушевени од единствениот, прилагодлив дизајн, функционалноста, дванаесетте помошни системи за возење и четирите системи за поврзување.

“C3 Aircross” е вистински показател за тоа како еден автомобил може да се вклопи во современиот начин на живот, нудејќи удобност во возилото и неверојатно искуство.

Како што е едноставен за употреба во град, “Citroen C3 Aircross”, благодарениe на системите Grip Control и Hill Assist е подеднакво употреблив и за возење на отворен терен.

“Citroen” во меѓувреме подготви и ново издание на својот мал “SUV” наречено “Rip Curl”, базиран на Feel пакетот на опрема, кој носи ексклузивен ентериер со дополнителна модерна мултимедијална опрема.

Почетната цена на “C3 Aircross SUV Rip Curl” изнесува 22.600 евра во Франција.

Leave a comment

error: Content is protected !!