Се подготвува втор дел на култната „Бушава азбука“

Радосна вест за сите фанови на ова култно телевизиско остварување.

„Бушава азбука“ беше бренд продуциран од МРТ, со кој израснаа многу генерации. Ден денеска, родителите на своите мали дечиња знаат да им пуштат видеа од „Јутјуб“ од оваа едукативна македонска серија.  Поминати се дури 33 години, откако за првпат беше емитувана првата епизода, во 1985 година.

Сите се сеќаваме на Биљарката и Тарзан, на Ненад и Синоличка, На Леб и Сол и Ана Костовска, на Јовица Михајловски и гатанките, а сега конечно ќе имаме можност да уживаме во втор дел од „Бушава азбука“.

Моментално се подготвуваат новите епизоди од едукативната ТВ серија, а најверојатно ќе може да ја гледаме во 2019 година.  Продуцент на новата „Бушава азбука“ е Слободан Унковски, а повторно во улога на драматург најверојатно ќе биде Горан Стефановски- „виновникот“ за сите успешни епизоди од првиот серијал.

Leave a comment

error: Content is protected !!