Се отворила огромна дупка – научниците се спуштиле во неа, а внатре…

Огромна дупка која што неодамна се отворила во Кина, открила прекрасен комплекс на пештери, а нуркачите наскоро ќе започнат да ја истражуваат оваа област.

Дупката широка 100 метри и длабока 118 метри се наоѓа во кинеската покраина Гуангси, а вниманието на научниците го привлече минатата година. Тим на британски и кинески геолози овој месец за прв пат се спуштија со јажиња во внатрешноста на дупката за да откријат што се наоѓа таму.

Длабоко во дупката бил откриен вистински рај – пештера со висина од 200 метри исполнета со прекрасни езера со тиркизна боја.

Иако се уште се вршат анализи и 3Д проекциите наскоро треба да го прикажат изгледот, се верува дека ова би можела да биде една од највисоките пештери на светот.

„Највисокиот врв на пештерата се наоѓа на 200 метри, а веруваме дека површината на дното е околу 77 илјади квадратни метри“, откриваат истражувачите, пренесуваат кинеските медиуми.

Исто така, во еден дел од пештерата, се наоѓаат мали езерца и подземна река која што речиси сигурно е дека е поврзана со реката Панјанг.

Leave a comment

error: Content is protected !!