Се огласи Зуица Лазова: Наум е жив и здрав фала му на Бога!

По денешната вест дека пејачот Наум Петрески исчезнал со јахта во близина на Сиднеј, во македонската јавност се крена паника.

Сите ја споделуваа веста за наводно исчезнатиот пејач, но вистината е сепак поинаква. Имено, Наум заедно со Стив Кироски, продуцентот од Ин Тв- Ване Петковски, како и Винце Панов, наш иселеник во Австралија биле заминати со јахта на риболов и прошетка. Откога ги фатило мало невреме, за момент не биле достапни,па решиле да се пошегуваат дека се исчезнати со дел од своите пријатели.

Но, како викаат „ѓаволот ја однесе шегата“, па така и лажната вест за нивното исчезнување се пренесе со голема брзина во медиумите, а Наум и останатите мораа брзо да реагираат и да ги смират најблиските кои исплашено се прашуваа што се случило.

Сепак се заврши со среќен крај, а се огласи и Зуица Лазова која што за „Естрада плус“ изјави дека настанало недоразбирање и фала му на Бога, Наум и сопатниците се живи и здрави. Фолк пејачката, инаку сопруга на Петрески, додаде и дека веќе се подготвуваат за следниот концерт кој треба да се одржи во Камбера.

Leave a comment

error: Content is protected !!