Се качувал на Мон Блан, а во близина на врвот оставил справа за веслање! Британски маринец предизвикал меѓународен скандал

Маринецот од Британската кралска воена морнарица, Метју Дизни, се нашол на голема осуда на јавноста бидејќи справата за веслање ја оставил во близина на самиот врв на Мон Блан.

Имено, на 30-ти август тој со спортска опрема на грбот се искачил на највисокиот европски врв, каде симболично завеслал во добротворни цели. Сакал со овој подвиг да собере пари за воените ветерани, но не го промислил тоа најдобро.

Сакал да се качи на 4.810 метри висина, но временските услови биле многу неповолни.

Откако дошол до 4.418 метри, видливоста паднала на 50 метри.

“Разговарав со искусни планинари па се одлучив да се вратам и да ја оставам справата се веслање во едно планинско засолниште за планинари”, рекол тој.

Иако мислел дека има доволно место и дека справата за веслање нема да пречи на никому, неговите непромислени потези за малку ќе довеле до меѓународен скандал.

Претседателот на општината Сан-Жерве Ле Бана, Жан Марк Пеиле, изјавил дека тоа е недозволиво и најавил дека сметката за преместувањето на оставената опрема ќе ја прати во британската амбасада, а станува збор за сума од 1.800 евра, бидејќи ќе мора да се ангажира хеликоптер.

“Ако Британците сакаат да ја напуштат Европа, прво мора да ги подмират своите долгови”, изјавил тој.

Во јуни двајца швајцарски планинари со мал авион слетале источно од врвот, а потоа продолжиле пешки.

“На луѓето се им паѓа на памет”, рекол претседателот на општината

Толку бил лут што го повикал и францускиот претседател Емануел Макрон да преземе нешто поради луѓето кои ја злоставуваат планината.

Смета дека треба да се усвои закон со кој строго ќе се казнуваат оние кои ги кршат законите и за да се врати мирот на Мон Блан.

Од друга страна, Дизни вели дека планирал да се врати по справата за веслање, но дека чекал поубаво време.

Мон Блан годишно го посетуваат околу 25.000 планинари.

Leave a comment

error: Content is protected !!