Се гради најголемиот казино ресорт во Европа: Ќе стане ли ова место омилена туристичка дестинација на Балканците?

На Кипар денес започнала изградбата на казино комплексот во вредност од 550 милиони евра. Според зборовите на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, тоа ќе биде најголемиот такво ресорт во цела Европа.

Анастасијадес на церемонијата за поставување на темелите на комплексот “City Of Dreams” рекол дека тоа е најголем проект во историјата на државата.

Рекол и дека овој проект ќе помогне во стратегијата на Кипар да стане луксузна туристичка дестинација.

Кога ќе започне со работа, во 2021. година, овој комплекс ќе вработи 6.500 луѓе. Според плановите овој комплекс ќе привлекува дополнителни 300.000 посетители на Кипар секоја година, а во економијата ќе додава околу 700 милиони евра.

Leave a comment

error: Content is protected !!