Се фалел дека спиел со 6.000 жени, а починал при секс од срцев удар: Италија жали по “љубовникот” Маурицио Канфанти

63-годишниот Мауруцио Канфанти, плејбој кој во 80-тите години бил наречен “најуспешен италијански љубовник”, починал на сред секс со 40-години помлада туристка.

Ромео од Римини, како што го нарекувале, се фалел дека од својата 17-та година спиел со повеќе од 6.000 жени.

Се прославил како промотер на ноќниот клуб “Blow Up”, а работата му била да заинтересира жени да влезат во клубот. Подоцна открил дека секое лето во просек заведувал околу 200 жени. Некои се враќале и следните години на одмор во Италија само поради него.

Починал во средата, кога доживеал срцев удар во текот на секс со 40 години помлада туристика на задно седиште од автомобил. Шокираната девојка повикала итна помош, но лекарите можеле само да ја потврдат смртта.

Италијанските медиуми коментираат дека заминал правејќи го тоа што најдобро го знаел.

Канфанти зимите ги минувал во Скандинавија, каде работел за туристичка агенција. Станал до толку славен, што во еден град му кренале статуа од восок. Иако секогаш имал атлетска градба, велел дека никогаш не одел во теретана.

“Но, многу тренирам во кревет”, велел тој.

Градоначалникот на Римини му оддал почит, велејќи дека умрела “легендата на ноќта” и еден од заштитните знаци на градот. И самиот Маурицио често зборувал дека за италијанскиот туризам направил повеќе од некои големи агенции.

Во последното интервју, кое во во 2014. година го дал за германски “Bild”, најавил дека оди во пензија.

“Имам 59 години и станувам престар за ова”, рекол тој. Тогаш раскажал и дека ја сакал секоја жена со која спиел, а неговите бројни љубовници велеле и дека имаат деца од него.

Leave a comment

error: Content is protected !!