Сам ископал пат од 1,5 километри без надомест и им го олеснил животот на сограѓаните

Кениецот Николас Мучами не можел да ја чека локалната власт нешто да направи, па ги земал работите во свои раце и сам прокопал пат од селото преку грмушките до продавницата во близина, за на сонародниците да им ги олесни маките.

Користејќи само мотика, копач и секира, Мучами веќе прокопал 1,5 километри пат за шест дена и му фали уште малку да ја доврши целата рута.

Мештаните на округот Муранга, околу 80 километри северно од Најроби, со години морале да го користат 4 километри подолгиот пат од селото Каганда до трговскиот центар и другите продавници.

Освен тоа, патот минувал и низ приватен посед кој на крајот бил ограден, поради што Николас тргнал во акција.

“Имам многу енергија, па одлучив да бидам доброволец”, рекол Николас.

Мучами работел од 7 до 17 часа секој ден, од понеделник до сабота, за да ја заврши работата пред дождот.

Мештаните биле зачудени дека Мачами, кој инаку се занимава со разноразни работи за да преживее, се пријавил за оваа работа без надомест.

“Додека работев на патот многумина ме прашуваа дали сум платен за тоа”, рекол тој.

Иако патот не е завршен, мештаните веќе го користат, а Николас вели дека тоа го прави многу среќен. Сепак, никој нема да му помогне, бидејќи не сака да работи без пари.

Leave a comment

error: Content is protected !!