Сакале “да закопаат” 50.000 биткоини на Монт Еверест, а нивниот водич мистериозно исчезнал…

Четворица планинари се качиле на Монт Еверст за да закопаат 50.000 биткоини, а овој маркетиншки потфат завршил со мистериозна смрт на локалниот водич.

Четворицата планинари минатата седмица тргнале кон највисокиот врв на светот со цел да закопаат хард диск, за да се соберат пари за почетна понуда. Подоцна објавиле дека при качувањето го загубиле искусниот водич Лама Бабу, за кого велат дека “исчезнал”.

На социјалните мрежи искусни планинари пишуваат дека се сомневаат во нивната верзија. Тврдат дека лидерот бил заслепен од блескавата белина на снегот, а дека мажите го оставиле без да му помогнат.

“Не можам да сфатам како може да се случи 45-годишен водич да биде заслепен од снег, а никој да не му помогне”, напишал планинарот Алан Арнет од Колорадо, кој води блог посветен на Монт Еверест.

Еден од членовите на оваа експедиција, Тарас Поздни, на Фејсбук детално опишал како ја повредил раката и притоа поставил фотографија на која се гледа дека му е обвиена со завои, но не го споменал водичот.

Новинарите на “Financial Times” му се јавиле на Поздни за да дознаат нешто повеќе за исчезнувањето на искусниот водич.

“Беше зад нас и не знаеме што му се случи. Одевме брзо, а тој заостана зад нас и не го видовме”, рекол тој.

Ни “ASKfm”, групата која го финансирала овој потфат, наводно не знае што се случило со локалниот водич.

Leave a comment

error: Content is protected !!