Сакале да го исклучат од апарати, а потоа – шок: Дете се разбудило од кома ден откако родителите потпишале да ги донираат неговите органи

13-годишното дете од американската држава Алабама се разбудило од кома непосредно откако неговите родители ги потпишале документите да ги донираат неговите органи.

Трентон МекКинлеј претрпел страшна повреда на главата, кога во март се превртела приколката на која се возел.

Докторите им кажале на родителите дека детето нема да преживее и дека неговите органи одговараат за пет други деца кои чекаат трансплантација.

Меѓутоа, ден пред да биде исклучен од апарати, а непосредно откако неговите родители веќе ги потпишале документите за одобрување за исклучување од апарати и донирање на органите, Трентон почнал да покажува знаци на свест.

Неговата мајка Џенифер рекла дека и соопштиле дека умрел на операционата маса, и дека лекарите го оживувале дури 15 минути.

Очајните родители одлучиле да ги донираат неговите органи, или барем на тој начин да се осигурат дека нивниот син и натаму живее.

“Поради таа одлука го оставивме Трентон на апарати уште неколку дена, за да ги зачуваме органите. Но, тој тогаш почна да се буди. Конечниот тест за неговите мозочни функции беше закажан за следниот ден, но наместо мозочна смрт, тестовите покажаа активност”, рекла мајката на детето.

“Сеќавам дека удрив во бетон, дека приколката падна директно на мене и потоа не се сеќавам на ништо”, рекло храброто дете, на кого допрва му претстои долго заздравување.

“Ова е едно големо чудо”, рекла неговата мајка.

“Додека бев во кома, мислев дека сум на небото. Бев на големо поле и одев само право. Ова е божјо дело, немам друго објаснување”, изјавил Трентон.

Leave a comment

error: Content is protected !!