Сакал да ограби девојка, но не знаел дека е шампионка во ММА – Му го променила личниот опис

Бразилскиот крадец минал многу лошо кога се обидел да го украде мобилниот телефон од една девојка на улица во Рио де Жанеиро, не знаејќи дека таа е шампионка во ММА, која брзо реагирала и го претепала.

Полијана Вијана, позната и како Железна Дама, висока 170 центиметри, го удрила напаѓачот два пати со тупаница и еднаш со нога, пред да го неутрализира и да го држи цврсто за рака додека да дојде полицијата.

27-годишната Вијана, членка на престижната ММА лига – Ultimate Fighting Championship – UFC, била нападната додека чекала такси на улица во една населба во Рио.

 

Раскажала дека напаѓачот и кажал дека има пиштол, но одлучила веднаш да реагира претпоставувајќи дека нема. По неутрализирањето на крадецот сфатила дека крадецот имал пиштол – но од картон.

Полијана Вијана на социјалните мрежи поставила фотографија од крадецот во модринки и крвава маица. Рекла дека бил одведен во првиот диспанзер за да му биде укажана лекарска помош.

ММА е многу популарен спорт во Бразил. Многу ѕвезди на таа дисциплина се од Бразил, како на пример Аманда Нуњеш, која освоила неколку светски шампионски титули.

Leave a comment

error: Content is protected !!