САФ и Љубојна велат дека не знаеле каде ќе пеат, други пејачи тврдат- договорот беше јасен

Во јавноста се дигна огромна прашина околу настапот на македонските пејачи и бендови на престојната прослава за влез во НАТО и ЕУ, организирана од владата.

Дел од граѓаните решија да ја бојкотираат прославата, но и да ги нападнат пејачите. Фатени во тесно, неколку македонски изведувачи соопштија дека не знаеле за што се повикани да пеат, но сега е веќе доцна бидејќи потпишале договор и мора да настапат. Меѓу нив се САФ, Љубојна и Конкверинг Лајон. Љубојна изјавија и дека парите од настапот ќе ги донираат во хуманитарни цели, но сепак нападите кон нив не престанаа.

Други пак музичари како Кристина Арнаудова и Златко Ориѓански изјавија дека во договорите јасно било напишано по кој повод е прославата и каде настапуваат. Затоа им е чудно и зошто нивните колеги сега изјавуваат вакви работи на своите ФБ профили.

Дали можеби се плашат дека ќе изгубат дел од својата публика, или пак навистина не прочитале каде настапуваат, не знаеме, но едно е повеќе од јасно- на централните прослави во сабота низ 15 градови во Македонија ќе врие од луѓе. Досега се покажало дека секогаш кога и оваа и претходната Влада организирала бесплатни настапи со музички изведувачи било преполно како во кошница.

Leave a comment

error: Content is protected !!