Рускиот претседател со предупредување: Трета светска војна би значела крај за цивилизацијата!

Третата светска војна ќе значи крај за цивилизацијата, рекол рускиот претседател Владимир Путин на овогодинешната “Директна линија” со граѓаните. Според неговите зборови, тоа мора да го сфатат сите кои се инволвирани во судири ширум светот.

“Третата светска војна би значела крај за цивилизацијата и затоа мора да се стави крај на конфликтите”, рекол рускиот претседател.

Путин додал дека стравот од взаемна деструкција, како и стратешкото парирање, ги натерале светските сили да се почитуваат меѓусебно по завршувањето на Втората светска војна.

Лидерот на Кремљ потоа ги повикал светските сили да се повлечат од глобалните судири и рекол дека треба сите да седнат зад преговарачката маса и заедно да најдат решение кое ќе ја гарантира безбедност во светот.

“Не знам со што ќе се води Третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и камења”, рекол Путин, цитирајќи го научникот Алберт Ајнштајн.

“Американското повлекување од антибалистичкиот договор е обид да се скрши стратешкиот паритет, но ние имаме одговор на тоа: нашето оружје кое е веќе распоредено – тоа ќе го одржи тој паритет”, рекол Путин.

Leave a comment

error: Content is protected !!