Рускиот православен свештеник, Вјачеслав Баскаков, се нашол под истрага бидејќи на Инстаграм објавувал серија фотографии во кои се фалел со луксузната облека и чевли.
На фотографиите може да се види облека од марките “Gucci” и “Louis Vuitton”. Профилот на Инстаграм бил деактивиран, но фотографиите веќе се прошириле на социјалните мрежи.
Исто така, се појавила и снимка од свештеникот како е на шопинг во една луксузна продавница.
Александер Волков, портпарол на патријархот Кирил, рекол дека црковната дисциплинска комисија ќе ги истражи објавите на Баскаков на социјалните мрежи и ќе се обиде да го “вразуми”.
“Таков нескромен начин на живот не треба да ги краси свештениците. Не можете да му служите на Бога претпладне, а потоа на ручек да правите што сакате”, рекол Волков.