Руски планинар преживеал пекол: Една недела бил заглавен на најсуровата светска планина без никаква опрема

Рускиот алпинист Александар Гуков, кој речиси една недела без опрема бил заглавен на стрмната падина на планината Латок-1 во Пакистан, бил спасен и префрлен во болница, но моментално е во критична состојба.

“Спасен е и префрлен во болница во градот Скард”, рекла Ана Пијунова, координаторка на спасувачкиот тим, додавајќи дека во операцијата за спасување учествувале два пакистански воени хеликоптери.

Гуков на суровата планина бил заглавен заедно со Сергеј Глазунов од Иркутск, кој во меѓувреме паднал и загинал. Гуков успеал да се качи до површината на која можел да стои, на висина од 6.200 метри, а таму останал без речиси никаква опрема, бидејќи поголем дел од неа се загубила кога неговиот партнер паднал.

На сајтот на Планинарскиот сојуз на Русија е наведено дека Глазунов и Гуков биле меѓу учесниците на експедицијата која планирала да се качи врвот Латок-1 поради снимање на филм со наслов “Ништо не е невозможно засекогаш”. Овој тим најпрво се обидел да се качи на врвот на оваа планина во 2017. година, но временските услови им го попречиле потфатот.

Планината “Latok-1” е дел од планинскиот венец Каракорум во Пакистан, а висока е 7.150 метри. Алпинистите во описот на својот проект, на платформата преку која собирале пари за експедицијата, навеле дека никој не претходно не успеал да се качи до врвот на оваа планина од нејзината северна страна.

Во летото 1978. година, група американски алпинисти се качиле на висина од 7.000 метри, но биле принудени да се симнат, без да дојдат до врвот.

Leave a comment

error: Content is protected !!