Руски мафијаш ликвидирал српски работници, а потоа ги забетонирал!

На група работници од Србија во 2013 години им се изгубила секаква трага, наводно откако се бунтувале поради изградба на зграда на локалниот суд. Од нив наводно се барало работата да биде направена бесплатно. Но, тие не се согласиле на тоа…

Истражните органи од областа Краснодарск ја запреле истрага за исчезнувањето на групата работници од Сеија откако наводно е откриено дека работниците се убиени, а потоа забетонирани во темелите на комплексот во луксузното одмараралиште во градот Анапи недалеку од Сочи, на брегот на Црно мое, јавуваат српските медиуми.

Последните податоци за нив датираат уште од 2013 година. Органите од Краснодарск ја запреле истрагата, откако се појавила информацијата дека се ликвидирани. За да се заврши истрага потребно е да се сруши целиот комплекс, па поради тоа и се стопирала.

Мафијашот Сергеј Зиринов кој се поврзува со исчезнувањето на работниците, уапсен е во 2013 година, поради обид за убиство, а подоцна делото е преквалификувано, па Зиринов е обвинет за разбојништва и повеќе убиства, за што е осуден на 22 години затвор.

Кланот кој го водел Сергеј, е одговорен за убиството на директорот на санаториумот Мал залив, Виталиј Садовниќ и неговата сопруга бидејќи одбиле послушност.

Leave a comment

error: Content is protected !!