Руската војска добива железен човек: Војниците добиваат дополнителни нозе и ‘рбет

Долги маршеви, пренос на товар и намалено оптоварување на `рбетниот столб се само некои од карактеристиките на првиот руски сериски егзоскелет ЕО-01.02 кој ќе го добијат руските инжинерски трупи оваа година.

Овој егзоскелет ќе ги направи русите војници помоќни и поиздржливи, иако далеку од тоа дека ќе биде како во холивудските научно-фантастични филмови. Механизмот го следи `рбетниот столб, нозете и колковите, а неговата главна цел е да ги сочува физичките можности на војникот.

Егзоскелетот ги штити зглобовите и `рбетот, го намалува товарот на мускулно-коскениот систем при пенесување на тежок товар и го намалува заморот во мускулите, со што војникот станува практично поиздржлив. Наједноставно кажано, станува збор за дополнителни нозе и `рбет кои што врз себе ќе го превземат целиот товар.

„Егзоскелетот е развиен на барање на инжинерските трупи за операторите на роботиката, како и за борците на јуришните инжинерски и минерски единици. Нашите воени инженери го користеа во Сирија. Еден официр со помош на егзоскелетот цели девет часа носеше на себе 35 килограми тешка контролна плоча за роботскиот систем „Уран-6“ и воопшто не се замори. Егзоскелетот нормално се облекува на униформата и панцирот, а не е потребно одрживање и подесување“, изјави Сергеј Смагљук, генерален директор на компанијата „ГБ“ која го развива егзоскелетот.

Потребна е минута и пол за егзоскелетот да се постави на војникот. Тежи само седум килограми затоа што е изработен од лесни метали и карбонски влакна. Егзоскелетот овозможува војникот да носи до 70 килограми товар на посебна платформа која се наоѓа зад рамењата. Тоа може да биде ранец со муниција, автоматски фрлач на гранати, ранет војник, па дури и минофрлач со калибар од 82 мм.

Егзоскелетот за инженерските трупи наскоро влегува во сериско производство. Во рамките на руската државна програма за вооружување, до 2027-ма година војската ќе добие стотина вакви комплети.

Во меѓувреме, компанијата „ГБ“ работи на проширување на можностите за модернизирање на егзоскелетот.

„Иднината на оваа технологија се егзоскелетите со серво погон. Таквата опрема ќе ја зголеми силата и брзината на војниците. Но, никаде во светот не е решен проблемот со изворот на енергија. Кога тоа ќе биде решено, тогаш ќе има и експанзија на егзоскелети. Денес ние разгледуваме концепт на полнење на егзоскелетот со контролна табла, на пример камион. Кога ќе пристигне камионот со муниција, војникот ќе го облече егзоскелетот, ќе ја спои жицата со акумулаторот и ќе продолжи со истоварот. Таквиот проект би можел да биде корисен за логистичките единици“, изјави Смагљук.

Leave a comment

error: Content is protected !!