Руска модна дизајнерка се разбудила сред операција и видела како докторот ја силува

Руската модна дизајнерка, 35-годишната Ерика Бикова преживеала пекол откако одлучила да направи пластична операција за зголемување на нејзините гради.

Имено, откако докторскиот тим ѝ дал анестезија, таа подоцна се разбудила на операциската маса, а во тој момент, докторот Јуриј Черников ја силувал. Ерика била во шок, а не можела да се одбрани или да викне помош затоа што и натаму делумно била под влијание на анестезијата.

„Бев целосно беспомошна додека тој беше на мене. Не можев да се мрднам. Плачев затоа што не можев да се одбранам“, изјави Ерика која што е омажена и има син.

Таа за руските медиуми откри дека одлучила да замине на пластична операција за зголемување на нејзините гради, иако нејзиниот сопруг се противел на тоа.

„Тоа ми беше првата операција во мојот живот. Се видов со докторот неколку дена претходно кога разговаравме за тестовите кои што ги направив пред операцијата. На денот од операцијата се тресев од страв и си говорев дека се ќе биде во ред“, раскажува Ерика Бикова и додава:

„Мојот сопруг беше против операцијата, но јас сакав да бидам поубава. Кога се разбудив, докторот беше врз мене. Се обидов да го турнам со нозете, но не можев да се поместам. Веднаш поднесов пријава. Му верував целосно на докторот и му го доверив моето тело, а тој ме искористи. Ми понуди пари да се откажам од тужбата“, изјави Бикова.

Од друга страна, докторот Јуриј Черников призна дека имал сексуален однос со Бикова, но тој тврди дека таа се согласила на тоа.

„Цело време зборуваше дека ѝ е убаво и дека не сака да престанам. Пет минути после сексот сфатив дека мојата сопруга, децата и внуците нема да ми простат што ги изневерив“, раскажува докторот Черников кој што доколку се докаже дека е виновен, му се заканува затворска казна од шест години.

Leave a comment

error: Content is protected !!