Русинката обвинета за шпиунажа нудела секс во замена за информации!

Русинката Марија Бутина (29), е обвинета дека како руски шпион се инфилтрирала во американските политички организации. Меѓу нив е и Националната асоцијација на сопственици на оружје (НРА).

Сојузниот судија нареди Бутина да биде во притвор до судењето каде што ќе се соочи со две тешки кривични дела.

Бутина дипломирала на американски универзитет, активист е за право на оружје и го поддржува Доналд Трамп.

За што е обвинета?

Тужителите тврдат дека Бутина била ангажирана во долгогодишната кампања како прикриен агент на Кремљ во обид да ги унапреди интересите на својата земја.

Нејзината тајна кампања вклучувала значајно планирање, меѓународна координација и подготовка- напишале тужителите. Додаваат и дека Марија планирала со измама да подготвува апликации за издавање на визи за САД, за да го исполни планот.

Русинката се изјасни дека не се чувствува виновнина. Повикувајќи се на ФБИ, тужителите изјавија дека Бутина имала пристап до илјадници долари и имала намера тие пари да ги изнесе од САД:

Во својот извештај до судот, обвинителите тврдат дека Бутина била во контакт со руските оперативци и дека на еден Американец му понудила секс во замена за информации.

Екстремна опасност од бегство од земјата

Обвинителите тврдат дека Марија преставува екстремна опасност од бегање од земјата. Во моментот на апсењето на Русинката, нејзиниот стан бил исполнет со кутии кои ова го потврдуваат. Нејзиниот адвокат Роберт Дрискол рекол дека кутиите биле подготвени за селидба во Јужна Дакота, а не во Русија. Наводно, таа таму планирала да живее со својот дечко.

 

Работела по упатство на руски службеник

Одделението за правосудство наведува дека Бутина работела под надзор и дирекција од висок руски службеник кој не е именуван, пренесува БиБиСи. Тој наводно делувал како нејзин раководител и тренирал по пат на онлајн пораки.

Сега се мора да биде внимателно и тивко- наводно ова Бутина го испратила до својот контакт по пат на приватна Твитер порака, месец дена пред претседателските избори во 2016 година.

Во ноќта на гласањето наводно му порачала на својот руски шеф дека чека понатамошни наредби.

„ Одам да спијам, овде е три часот наутро. Подготвена сум за понатамошни наредби“- напишала Марија.

Во текот на инагурацијата на Трамп, споделила фотографија од тој настан на Капитол.

Ти си храбра девојка! – и испратил порака, рускиот шеф, на што таа му одговорила- Што да кажам, имам одличен професор.

Leave a comment

error: Content is protected !!