Русија објавила најнови снимки од оружјата на иднината: Ја прикажале сета моќ пред светот, но ова сепак го сокриле од нашите очи

Руското министерство за одбрана објавило нови снимки од футуристичкото оружје кое претседателот Владимир Путин прв пат го открил во март во текот на годишниот говор пред Советот на Федерацијата.

Снимките прикажуваат најнови тестирања и развојни процеси, пренесува “RT”.

Меѓу претставените оружја е хиперсоничниот проектил кинжал, кој може да лета 10 пати побрзо од брзината на звукот. Новиот проектили воздушните сили ги добиле во декември и досега со нив извршиле 350 мисии и ги лансирале повеќе пати. Проектилот кинжал се лансира од ловецот “MiG-31” и има ефективен дострел од 2.000 километри.

Друг хиперсоничен новитет е ракетниот систем Авангард, кој конечно влегол во производство, што потврдил и заменикот командант на силите за стратешки проектили генерал-мајор Пороскун. Тестовите се уште во тек, а постоечките воени инфраструктури се прилагодуваат за да можат да го примат овој систем. Авангард може да лета во густи слоеви со хиперсонична брзина, што го прави непобедлив за сите средства противвоздушна и противракетна одбрана.

Објавено било и видео од тестирање на нов балистички систем RS-28 Сармат, кој би требало да го замени застарениот систем “R-36 M2 Vojvoda”, како и видео за процесот на настанување на проектилот “буревјесник”, чиј систем на нуклеарен погон е веќе успешно тестиран.

Исто така било објавено и видео од статичкиот тест на “сестринскиот” проект “буревјесник” подморницата “Посејдон” која во основа е “огромно нуклеарно способно торпедо”.

Меѓутоа, најинтересниот дел од подморницата – пропелерот – останал тајна и тој е заматен во видеото. Најтаинствениот проект и натаму останува борбениот ласерски систем бидејќи во новото видео се дадени малку информации за неговите можности.

Leave a comment

error: Content is protected !!