Русија на светот му го покажа војникот на иднината: Со нов борбен оклоп, незапирлив е кога ќе тргне во поход

Руската одбранбена корпорација “Rosteh” развила и произвела најнов егзоскелет од пластика појачана со јаглени влакна, кој е веќе тестиран во воени услови, соопштиле од компанијата.

Најновиот оклоп за “војникот на иднината” ќе и овозможи на војската и полесно да се движи со товар до 50 килограми.

Иако, според оценките на експертите од таа компанија, новата опрема покажала многу висока ефикасност во воени услови, не прецизира како точно таа опрема е тестирана.

Се додава дека оклопот е премногу корисен кога станува збор за далечни маршови, но и при спроведување на операции.

Оваа опрема е претставена на меѓународниот воено-технички форум “Армија 2018”, кој се одржува во Подмосковлје.

Leave a comment

error: Content is protected !!