Познатиот кловн Рони од Мекдоналдс со тапан ја поддржа Македонија (фото)

Најпознатиот кловн на светот, Роналд Мекдоналд е маскота на најпопуларниот ланец на брза храна Мекдоналдс.

Роналд е маскота од 1963 година и е препознатлив знак за Мекдоналдс храната. Идејата за Роналд потекнува од некогаш популарниот кловн Бозо, кој го портретираше Вилард Скот. Денеска рестораните Мекдоналдс ширум светот, најмуваат кловнови кои ги забавуваат посетителите пред секоја локација, па дури и на хуманитарни настани.

Кловнот Роналд од Австралија реши да направи чест на нашата држава, па го зема тапанот со старото македонско знаме и засвире пред влезот на Мекдоналдс, накитен со црвени и жолти балони.

Можеби повеќе за жал немаме Мекдоналдс во Македонија, но ете маскотата на нашиот омилен бренд на брза храна ни праќа македонски поздрав од Австралија.

Leave a comment

error: Content is protected !!