Роналдо остави бакшиш од дури 20 000 евра, а имал само еден услов

Откако Португалија испадна во осминафиналето од Уругвај, Кристијано Роналдо со девојката Џорџина Родригез и децата отиде на одмор во Грција.

На Миконос престојуваше во луксузен хотел чии што работници сигурно нема да го заборават никогаш.

Новиот играч на Јувентус им оставил бакшиш од вкупно 20 000 евра, но имал само еден услов кој сите ги воодушевил. Португалецот, наводно побарал неговиот бакшиш да се распредели рамномерно за секој вработен по еднаков дел.

Инаку, фудбалерот со години е познат како голем хуманитарец и постојано ги воодушевува фановите со своите хуманитарни гестови.

Ова лето, Роналдо после девет години го напушти Реал Мадрид и се сели во соседна Италија, а во Јувентус ќе заработува 30 милиони евра годишно.

Leave a comment

error: Content is protected !!