Златко Димовски го започна денот на венчавката на традиционален начин. Отиде до гробиштата во македонското село Галичник и ги покани мртвите да присуствуваат на неговата свадба.
Вака, Ројтерс ја започнува приказната за Галичката свадба. Оваа новинска агенција важи за една од најдобрите и најпознатите во светот и навистина е престиж да се биде главна вест на Ројтерс.
Фото: Ројтерс
Приказната за нашата Галичка свадба е објавена во секцијата „Светски вести“, а напишана од репортерот Огнен Теофиловски. Детално е раскажана целата традиција, но и приказната на овогодинешните зет и невеста.
Ова е навистина одлична промоција за Македонија, како и една од најстарите традиции кај нас, која се негува со години и привлекува светско внимание.