Roger Sanchez и Jax Jones за Илинден во Охрид

„Охрид Колинг“ по трет пат ќе донесе квалитетни артисти кои ќе ги забавуваат туристите во нашиот езерски бисер.

Покрај веќе најавените Dimitri Vegas & Like Mike на 01 август и Armin Van Buuren на 04 август, Авалон ги носи и одличните хаус диџеи Roger Sanchez и Jax Jones . Нивните настапи на фестивалот ќе може да ги проследите за големиот празник Илинден на 02 август.

Билетите во партер ќе чинат 700 денари, додека пак во фан пит 1000 денари. Во продажба ќе бидат пуштени и блок карти за сите три фестивалски вечери.

Инаку, фестивалот „Охрид Колинг“ навистина се грижи музичката концертна сезона во Охрид да биде на нивото на светските туристички центри, а бројките на туристи кои доаѓаат специјално за овој фестивал од година во година растат.

Leave a comment

error: Content is protected !!