44-годишната Ебигејл О’Нил ги изненадила жените ширум светот кога ја открила тајната за својот младешки изглед и убавина. Таа користи алое вера, мед и уште неколку ситници поради кои изгледа двојно помлада.
О’Нил е мајка на три деца која решила да сподели рецепт за прекрасна кожа со сите жени на светот за тие повторно да изгледаат младо и убаво. Ебигејл користи серум за нега на кожа од алое вера кое го одгледува во својата градина, а покрај тоа прави и пилинг од мед и какао.
“Ја сечам алое верата на половина, а внатре се наоѓа леплива желатинеста маса која е добра за зачувување на тенот. Тоа е најдобрата можна хидратантна крема”, објаснила Ебигејл.
Алоето е во основа природен серум кој ја чисти кожата и ја остранува маснотијата. Покрај тоа, 44-годишниот модел прави и природни маски од какао и мед.
“Сировите производи се најдобри против стареењето, а помагаат квалитетно да се исчисти и нахрани лицето”.
Билките и производите кои таа ги користи се преполни со антиоксиданси, витамини и минерали, а кога ги користите покрај редовната здрава исхрана, можете да си гарантирате себеси убава, избалансирана, чиста и мека кожа.
Нејзината маска за лице од сирово какао и манука мед се нанесува на лицето два до три пати неделно, а резултатите се врвни. Оваа маска можете да ја нанесувате и на другите делови од телото за да го забавите стареењето на кожата и да ги елиминирате мртвите клетки.
“Кога станува збор за детоксикација, јас одвојувам време да внесам намирници кои ги чистат органите, но и кожата”, објаснува Ебигејл и додава дека планира засекогаш да остане млада, барем физички.