Револуција: Во Германија се појавил автомобил на сонце

Автомобилот “Сион” има 330 соларни ќелии на кровот, хаубата и вратите, кои се полнат при возењето.

Минхенската компанија “Соно Моторс” направила електричен автомобил кој ја користи сончевата енергија.

Овој електричен автомобил наречен “Сион” има 330 соларни ќелии кои му овозможуваат да се полни при возењето.

Автомобилот е направен за да се зголеми бројот на еколошките возила во Германија, а голем број од решенијата се многу иновативни. Автомобилот за движење користи електрична енергија добиена од соларните ќелии, но може да се наполни и на пумпа за електрични автомобили.

Освен тоа, автомобилот има неверојатен систем за прочистување на воздухот.

“Имаме и други работи кои овој автомобил го прават модерен. Има грејач за седишта, клима уред, информативен систем со кој може да се поврзат мобилните телефони”, вели Лорин Хан, основач на компанијата.

Автомобилот ќе се појави на пазарот на почетокот на следната година, а ќе бидат направени 5.000 модели.

Во случај на дождлив ден или возење навечер, автомобилот со полна батерија може да мине 250 километри.

Leave a comment

error: Content is protected !!