Револуција на тркала: Автомобилот на “Hyundai” кој оди

На овогодишниот Меѓународен саем за електроника “CES” во Лас Вегас, корејскиот произведувач го претставува “Elevate” концептот на футуристички возила, кои можат да одговорат на сите предизвици на теренското возење.

Таканаречениот “автомобил кој оди”, како што “Hyundai” го опишува овој концепт, потсетува на возило какво што сме гледале во SF филмови.

Замислено е пред се како возило кое се користело во спасувачки мисии по природни катастрофи кои зад себе оставаат урнатини – земјотреси, поплави, цунамија…

Концептот “Elevate” се состои од патничка кабина и 4 роботски продолжетоци на чии завршетоци има по едно тркало. Ваквата концепција на возилото му овозможува на возачот да го користи како регурален автомобил, но и со помош на “режимот за одење” да минува препреки кои за класичните теренци би биле неминливи.

Како што велат во “Hyundai”, концептот “Elevate” е во состојба да прескокне ѕид или препрека со висина од 1,5 метри и да мине преку канал широк 1,5 метри. За сето тоа време, благодарение на 4-те независни роботски продолжетоци, патничката кабина останува во целосно хоризонтална положба.

Концептот “Elevate” исто така може да најде своја примена и во мобилноста на лицата со инвалидитет кои живеат во објекти непристапни за регуларни патнички возила.

Ова возило на електричен погон користи модуларна механичка платформа која може да носи разни надградби, во зависност од специфичните потреби и ситуации.

“Elevate” исто така може да се вози како и било кој друг автомобил, и притоа да достигне просечна брзина типична за автопати, а кога е во режим на “одење”, во состојба да симулира рептилски чекор, објаснуваат во “Hyundai”.

Leave a comment

error: Content is protected !!