Решена мистеријата со уништените куфери: Ова видео ги разбесни патниците на една авио-компанија

Снимката од работничката на аеродромот во Хонолулу задолжена за багажот, предизвикала лавина од коментари на Твитер.

Ванеса Марш патувала со авион на една хавајска авио-компанија и видела како работниците ги фрлаат куферите низ метален одвод и одлучила тоа да го објави на Твитер, бесна поради начинот на кој се уништува багажот.

“Мистеријата за сите мои уништени куфери е решена”, напишала Ванеса во описот на видеото на Твитер, а нејзиниот пост досега е прегледан повеќе од 42.000 пати, и има повеќе од 550 коментари.

“А ние плативме 25 долари за секоја од торбите, за така да ги фрлаат?”, прашала друга корисничка на Твитер.

Иако повеќето го осудиле однесувањето на персоналот на аеродромот, имало и такви кои го оправдувале фрлањето на куферите.

“Вака е на секој аеродром, не е само оваа компанија. Обидете се да го работите тоа, под тие услови, па да видите дека тоа и не е толку лошо”, гласи еден од коментарите.

Кога снимката станала вирална, реагирала и самата авио-компанија.

“Здраво Ванеса, многу ни е жал што го гледаме ова и цениме што не предупредивте. Начинот на кои нашата работничка се справува со куферите е неприфатлив и го истражуваме случајот. Ви благодарам”, соопштиле тие накратко.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!