Рекорд: Човек изел 30 000 Биг Мек сендвичи

Дон Горски е сосема обичен тип од Висконсин. Човек кој никогаш не би бил запамтен по ништо, доколку немаше навистина интересно хоби. Човекот го обожува Мекдоналдс, а посебно Биг Мек.

Всушност, од седумдесетите години, па наваму јаде само од овие сендвичи. Така, стана шампион запишан во Гинисовата книга на рекроди. Пред некој ден го поправи резултатот, затоа што го изеде јубилејниот 30 000-ти Биг Мак сендвич.

Се започнало на почетокот на седумдесетите, кога Дон првпат пробал Биг Мек. Ептен му се допаднал, до толку што од тогаш до денеска јаде во просек по два сендвичи дневно. Вели дека, Биг Мек преставува 90 проценти од храната која дневно ја јаде. Во почетокот бил и повеќе воодушевен од сега, па јадел и по осум сендвичи дневно.

Посебен куриозитет е дека јубилејниот Биг Мек, 30 000-ти по ред, го изел во истиот ресторан каде за првпат го пробал овој американски бургер.

Горске вели дека редовно оди на доктор и има нормална тежина, а дури нема ни покачен холестерол. Инаку родендените ги слави со торти во облик на најпознатиот светски сендвич, а сопругата ја запросил на паркинг пред ресторанот Мекдоналдс.

Leave a comment

error: Content is protected !!