Разоткриен! Џеф Безос ја изневерувал сопругата со месеци со убавата ТВ водителка

Американскиот милијардер Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на “Amazon”, се разведува поради поранешната водителка со која се гледа веќе четири месеци, тврди таблоидот “National Enquirer” и најавува дека ќе објави жешки фотографии од парот.

Безос вчера објавил дека се разведува од сопругата Мекензи по 25 години брак, а потоа се дознало и зошто.

Само неколку часа подоцна, одлично известениот “National Enquirer” објавил дека Безос е во љубовна врска со поранешната ТВ водителка Лорен Санчез, пренесува “Business Insider”. Новинарите на тој таблоид ги следеле Безос и Санчез низ пет држави, кога летале со приватни авиони, се возеле со бесни лимузини, оделе на романтични прошетки, одморале во хотели со пет ѕвезди…

“Насловот кој ќе го објавиме на насловната страна ќе биде – “Фотографии од неверството кое стави крај на неговиот брак””, објавил “National Enquirer”. Тој весник исто така тврди дека има “безобразни” фотографии од Безос и Санчез и најавува дека има увид во “валкани пораки и еротски селфи фотографии”.

 

“New York Post” пишува дека Безос издал соопштение за разводот за да ја “претрка” пеколната приказна која ќе ја објави “National Enquirer”. Тој весник пишува и дека Санчез е во брак со познатиот холивудски агент Патрик Вајтсел.

Џеф Безос има четири деца со Мекензи и богатство од 137 милијарди долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!