Лесно и ефикасно: Разладете го автомобилот кој стоел на сонце за само 10 секунди (видео)

Со првите потопли денови, возачите се соочуваат со вообичаениот сезонски проблем- како автомобилот да го направат постуден, а возењето попријатно во услови кога надворешните температури се преку 30 степени.

И да имате клима во автомобилот, но и да немате, по голема жештина е подеднакво тешко да се издржат тие први десет минути додека внатрешноста не се разлади. Да се седне во пеколно жежок автомобил не само што е многу незгодно, туку може да биде и многу опасно по здравјето. За среќа сега постои начин како да го решите овој проблем. Кој и да ја пробал оваа метода, вели дека температурата во возилото за брзо се спушта за 10 степени.

Се што треба да направите е да го спуштите прозорот од страната на совозачот и да ја затворите вратата. Потоа ја отварате и затворате вратата на возачот за да го разладите возилото. Воланот треба да го свртите на страна кога ќе се паркирате, така што кога ќе се вратите ќе го ставите во почетната положба, а делот каде што ќе ви бидат дланките нема да биде толку жежок.

Конечно, на менувачот ставете некоја навлака или крпа, па нема да биде толку жежок кога повторно ќе тргнете да возите.

Сите упатства може да ги погледнете во видеото:

Leave a comment

error: Content is protected !!