Расисти нападнаа црномурест тинејџер и го турнаа на шините, а ова е неговиот брутален одговор

На интернет се појави снимка на која се гледа како тројца белци – белгиски тинејџери малтретираат црномурест тинејџер и го туркаат на шините на една железничка станица.

15-годишниот Лирој Ејбрахам чекал воз на станицата во Аршот со својата постара сестра и помлад брат во моментите кога го нападнале две девојки и едно момче. Тие цело време го навредувале, иако тој се обидувал да ги игнорира и да избегне конфликт.

Сепак, ситуацијата ескалирала кога дечкото го зграпчил црномурестиот тинејџер и го турнал на шините. Тогаш следуваше жестока реакција на црномурестиот тинејџер кој што започна да го удира напаѓачот на самите шини, а цела среќа што во тие моменти не налета воз.

„Кога паднав на шините ми застана срцето на момент, не знаев дали може да налета воз. Се плашев дека ќе умрам“, раскажал тинејџерот за тамошните медиуми.

Напаѓачот идентификуван како Џонас В. набрзо бил уапсен и обвинет за физички напад. Локалните медиуми откриваат дека тој бил на условна слобода поради претходен престап. Тој бил познат на полицијата како крадец, откако ѝ украл 50 евра на слепа жена на каса, а исто така и турнал друга жена од велосипед кога таа го видела како краде алкохол.

Leave a comment

error: Content is protected !!