Рамноземјашите одат на Антарктикот за да го откријат работ на светот

Има се повеќе луѓе кои веруваат во теоријата за рамната земја, па организираат конвенции, прават видео снимки, свикуваат состаноци и разговараат за тоа како да ги уверат сите луѓе дека земјата е рамна плоча.

Нивната најнова одлука е да го посетат Антарктикот и да го откријат работ на светот.

“Не веруваме дека нешто може да падне од работ на земјата, бидејќи многу луѓе мислат дека сме во некој облик на половина кугла, и дека ѕвездите, Сонцето и месечината се внатре во таа половина со нас. Многу се високо, но се внатре со нас. Поради тоа нема шанси нешто да може да падне од планетата”, рекол Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата.

Нивниот план е да дојдат до “крајот” на Антарктикот и на тој начин да докажат дека постои раб на светот, односно место каде што се се завршува.

Според нивните наводи, Џејмс Кук во 1773-та година дошол до голем ѕид од мраз на Антарктикот и не можел да најде пат околу него.

Leave a comment

error: Content is protected !!