Рама добил јајце во глава! Хаос во албанскиот парламент, премиерот одвај побегнал

Седницата на Собранието на Албанија на кратко денес била прекината откако пратеникот на опозициската Демократска партија, Ендри Хаша, со јајца го гаѓал премиерот Еди Рама, кој во одело и бела кошула бил зад говорницата.

Во очекување претседателот на парламентот Гремоз Ручи да интервенира, Рама морал да ја напушти седницата.

Фотографијата на која се гледа како Хаша го удира Рама со јајца ја објавил поранешниот премиер Сали Бериша со пораката – “За присутните – тост и јајца”.

Албанските медиуми пренеле дека Хаша го гаѓал Рама со јајца додека премиерот бил зад говорницата, а после тоа, велат, уследил судир на пратениците со чуварите на редот во парламентот.

Истовремено со почетокот на пленарното заседание на албанскиот парламент пред зградата се собрале голем број на ученици и студенти, кои во повеќе албански градови протестираат веќе 16 дена.

Тие бараат од владата на Рама да ги исполни нивните барања кои во главно се однесуваат на подобри услови за студирање.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!